Дигитален Логопед
Install Now
Дигитален Логопед
Дигитален Логопед

Дигитален Логопед

Digital aid for people who need a speech therapist

Developer: TechUpTechPark
App Size:
Release Date: Jul 19, 2023
Price: Free
Price
Free
Size

Дигитален логопед има за цел да ја направи говорната терапија достапна во секое време.

Оваа апликација може да ја користат деца кои што посетуваат логопед како придружна алатка за секојдневно извршување на говорните вeжби или деца кои од одредени причини не се во можност да посетуваат логопед со физичко присуство а имаат потреба од говорен
третман.

Дигитален логопед нуди вкупно 5 различни програми и тоа:
- правилен изговор на гласот Р

- правилен изговор на гласот Л

- корекција на сигматизам (С, З, Ц, S, Ш, Ж, Ч и Џ)
- правилен изговор на плозиви (П, Б, Т, Д, К и Г)
- аудитивен тренинг (во изработка)

Целокупната содржина на апликацијата е подготвена од клинички логопед. Вежбите се состојат од прегледување на интерактивни видеа, извршување на барања, повротување на движења, потворување на зборови и реченици.

Овие вежби се наменети за изучување на правилената позиција на говорните органи за времена говорење но и за стимулација на
целокупниот говор, мисловно поврзување, аудитивното процесирање и разбирање на слушнатиот говорот. Со помош на оваа апликација децата ќе можат од своите домови, секојдневно да ги повторуваат потребните говорни вежби, што е од голема важност за успешнна корекција на говор.
Апликацијата е лесна за раководење дури и за најмалите. Сепак поради големиот број на совети и препораки кои што се наменети и за возрасните се препорачува оваа апликација детето да ја користи во придружба со родител, старател или терапевт.

Оваа апликација не е создадена да го замени местото на говорниот терапевт туку напротив со заедничка имплементација да се зголеми ефикасноста на говорниот третман. Затоа нашиот тим неуморно работи и подготвува програми за повеќе категотии на говорно-јазични проблеми.

Наскоро од дигитален логопед:
- програма за аудитивен тренинг - наменета за лицата со слушни помагала

- третман за пелтечење - техника за говорење кај деца и возрасни

- говорена терапија за афазија - реставрација на говор после мозочен удар

Апликацијата сдржи говорни третмани за правилно изучување и корекција на гласови. Содржината е соодветна за деца од 4 до 8годишна возраст.
Show More
Show Less
More Information about: Дигитален Логопед
Price: Free
Version: 3.0
Downloads: 10
Compatibility: Android 5.0
Bundle Id: com.digitalen.logoped.app
Size:
Last Update: Jul 19, 2023
Content Rating: Everyone
Release Date: Jul 19, 2023
Content Rating: Everyone
Developer: TechUpTechPark


Whatsapp
Vkontakte
Telegram
Reddit
Pinterest
Linkedin
Hide