На површина од над 1.000 м², PALESTRA е омилено место во градот за сите вљубеници во фитнесот. Поставен на совршена локација во трговскиот центар East Gate Mall, со сопствена тераса со магичен поглед, овозможува уживање во сите бенефиции што ги нудат новитетите во фитнес светот.
Целосно е опремен со модели од најновата палета на светскиот бренд за машини TechnoGym, за прв пат во Македонија, и обожавателите на фитнесот имаат можност целосно да ги искусат придобивките од вежбањето на современите справи и кардио машини.
Сите справи се сместени во главната сала, а дополнително, во посебната Skillbox просторија се одржуваат групни активности и функционални тренинзи, каде што има и рачни тегови.
Мобилната апликација на Palestra овозможува:
• Резервација на термин за вежбање
• Закажување InBody телесна анализа за следење на прогресот на клиентите
• Плаќање на месечна или пакет членарина
• Скенирање на код за влез во теретаната